„Виз ер“ ќе лета од Скопје до Лондон за 35 евра

Bez autora
Feb 17 2011

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од 20 јуни ќе лета од Скопје за Лондон за 35 евра. Со воведувањето на линијата, земјава првпат ќе добие директна авионска врска со британската метропола, која ќе функционира трипати неделно. Влезот во земјава на најголемиот нискобуџетен авиопревозник во регионот вчера официјално го најавија генералниот извршен директор на „Виз ер“, Јозеф Варадеј и генералниот директор на ТАВ, Мурат Орнекол. Тој објасни дека авионите од Скопје ќе слетуваат на аеродромот „Лутон“, кој е оддалечен од централен Лондон околу 50 километри. Билетот во еден правец ќе чини од 35 евра па нагоре, во зависност од периодот кога се купува. Во цената се вклучени аеродромските такси и еден рачен багаж со стандардна големина.

„Виз ер“ ќе лета од Скопје до Лондон за 35 евраНискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од 20 јуни ќе лета од Скопје за Лондон за 35 евра.

Со воведувањето на линијата, земјава првпат ќе добие директна авионска врска со британската метропола, која ќе функционира трипати неделно.

Влезот во земјава на најголемиот нискобуџетен авиопревозник во регионот вчера официјално го најавија генералниот извршен директор на „Виз ер“, Јозеф Варадеј и генералниот директор на ТАВ, Мурат Орнекол. Тој објасни дека авионите од Скопје ќе слетуваат на аеродромот „Лутон“, кој е оддалечен од централен Лондон околу 50 километри. Билетот во еден правец ќе чини од 35 евра па нагоре, во зависност од периодот кога се купува. Во цената се вклучени аеродромските такси и еден рачен багаж со стандардна големина. Дополнително се плаќа за поголем багаж кој подлежи на чекирање и за оброк за време на летот.

- Цената се одредува според побарувачката. Но, нашите билети најчесто чинат околу една третина од цената на авиобилетите на стандардните авиокомпании. Колку порано се резервира билет, толку ќе биде поевтин - рече Варадеј.

Билети за Лондон преку „Виз ер“ единствено може да се купат преку интернет, на страницата www.wizzair.com.

Според најавите, линијата ќе функционира во двата правци секој понеделник, среда и петок. Но, од компанијата ја оставаат отворена можноста да ги зачестат линиите ако има поголем интерес. Лондон засега останува единствена дестинација на која ќе лета нискобуџетната компанија, иако Варадеј смета дека во иднина може да се воведат уште две-три други.

Нискобуџетните компании најчесто летаат од секундарни, помали аеродроми, најмногу поради пониските трошоци. Сепак, Варадеј истакна дека одлучиле линијата да се одвива преку „Александар Велики“ поради неговата добра географска положба и одличната поврзаност со поголемите градови во регионот.

Од „Виз ер“ сметаат дека многу патници ќе ги користат нивните услуги во земјава, најмногу поради високите цени што ги нудат другите авиокомпании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik